„Јас ли сум гомното“ што раскинав со дечко ми заради филмот „Барби“? Вака пишува во еден пост на популарната нишка на Редит, една девојка чиј партнер се жалел од феминистичките теми на филмот откако го гледале.
Од ТикТок се јавува друга: Филмот ја инспирирал да му раскине на дечкото после серија примери на лошо однесување: „Фала ти ‘Барби‘ што ми даде моќ, самодоверба, што ме натера да сфатам дека заслужувам подобро.“
Од Твитер пишува трета, 27-годишна, која за својот дечко вели дека е „добар човек“, но проблеми имале долго пред да го гледаат филмот, кој само ги истакнал нивните различни гледишта на светот.
„Пријателски се договоривме дека едноставно не сме на иста бранова должина,“ објаснува таа. „До бескрај можевме да се расправаме кој пол повеќе се мачи во животот.“
По други места, жените споделуваат дека прашањето „Што мислиш за ‘Барби‘?“ ќе го користат како тест за идни партнери.
Тестот функционира од двете страни. Една споделува дека ја откачиле на апликација за дејтинг откако на типот му кажала дека „Барби е искуство, а Опенхајмер е само филм.“ И општиот заклучок е дека има разлика меѓу „мене не ми се допадна, ама драго ми е што ти си уживала“ и „глуп е затоа што е воук ѓубре.“
Има и трета страна - во филмот, нараторот Хелен Мирен вели:
„Барби има одличен ден секој ден. Кен има одличен ден само ако Барби го погледне.“
Ова ги има доведено мажите до ситуација да се запрашаат дали премногу зависат од вниманието на нивните девојки и некои дури и раскинуваат. Филмот фрла светло на фактот дека и мажите сакаат поврзаност, љубов, сигурност и препознавање исто како жените.