Дупла работа:

Лондон има женски Drag Queens

Драг е уметност на геј-мажите со децении. Но, иако жените се всушност предметот на имитација, сега баш жени се дотеруваат како нив, уживајќи во претераните тропи на женственост.

Ваквите „Лажни кралици” не се баш прифатени во драг-заедницата. Некои од геј изведувачите го поставуваат прашањето дали жените воопшто имаат право да се натпреваруваат покрај нивните машки колеги. Сепак, овие три жени тврдат дека имаат право да си го присвојат овој тип на уметност, да го редефинираат и да докажат дека правецот не смее да биде ограничен на пол.

А и не е толку црно-бело.

Битниот израз е, “when I’m dressed in drag”, односно, “кога сум во драг”, и токму таму лежи поривот на девојките да се вклучат во тој свет и да го живеат тој живот - чувството на моќ што ти го овозможува новиот лик што ќе си го измислиш, а тој лик по дифолт е една вистинска, јака и шармантно дрска жена која е свесна за своите атрибути и свесна дека може да забавува. А тоа, како што кажува и поентата на краткиот документарен филм им припаѓа – на сите.

И еве ги, три жени биваат жени и ја слават женственоста:

25 октомври 2017 - 10:00