Лекции по нераспаѓање од Лесли Манвил

Лесли Манвил отворено зборува за тешката разделба со Гери Олдман што се случила едвај неколку месеци после породувањето.

Лесли Манвил меѓу другото ја знаете како принцезата Маргарет од „Круната“, а по ново од „Г-ѓа Харис оди во Париз“ на Нетфликс.

Потешкотиите во приватниот живот не дошле со сите детали до нас - а не се мали. Два разводи и ужасна трагедија во семејството на сестра ѝ, но токму на разводот со Гери Олдман му ги припишува успесите во кариерата и можноста да биде најдобра мајка што може да биде.

Се запознале во 1984 и се венчале три години подоцна.

„Многу ни беше убаво и се сакавме. Се венчавме. Забременив на медениот месец. Одлично си поминувавме, но одеднаш ми беше грубо тргнат тепихот од под нозе...“

Олдман ги напуштил Лесли и новородениот син Алфи во 1990, само три месеци после породувањето. Веднаш потоа се ожени со Ума Турман, тогаш 20-годишна. Манвил не им кажала ни на родителите што се случило и се надевала дека сè ќе се среди.

„Ми одговараше што Гери требаше да оди во Америка за филм, па знаеја дека е отсутен,“ се сеќава, „и си помислив, па нема да им кажам затоа што можеби за неколку месеци ќе се среди. Но, беа ужасно осамени моменти.“

Соочена со напуштање од сопругот и ново бебе, брзо сфатила дека може до максимум да ја искористи ужасната ситуација и да продолжи да биде успешна актерка и истовремено најдобра мајка за Алфи.

„Не можев да се распаднам. Не се распаднав. Не ни стануваше збор дали ќе продолжам да работам и дали ќе бидам најбрилијантна мајка,“ вели таа. „Некако ми успеа, ме направи неверојатно дисциплинирана во работата. До негова тригодишна возраст, работев само претстави што беше многу добро, затоа што можев цели денови да бидам со него и во 5.30 ќе отидев да одиграм нешто лесно како Г-ца Јулија.“

И покрај разделбата, останале пријатели. Манвил мислела дека ќе бидат засекогаш заедно и ќе имаат големо семејство, но сепак заклучува дека ако било така, можеби не би ја имала денешната кариера.

„Мислам дека ќе се откажев од многу нешта за добар и долг брак, но цената ќе беше преголема.“

26 ноември 2024 - 12:40