Лакот на летото

Може не е првата боја што ќе ви падне на памет, ама секаде го има и „одлучено е“ дека е боја на лето 2024.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by essie (@essie)

Чудна, путер-жолта - ќе им се потслоши на тие што се верни на една или две бои, како црна и црвена на пример, но ѕвездите имаат свои маникиристи, а меѓу нив е Том Бачик кој за летово се колне баш во таа боја.

И решиле да прават тренд затоа што се појавува на Селена Гомез, па на Џенифер Лопез.

Тие што се лакирале со светла мат боја барем еднаш во животот, ќе знаат дека иако може да изгледа добро, нанесувањето бара внимание и битен е квалитетот на лакот - многу лесно може да заличи како да сте се лакирале со коректор за пенкало.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by ROSÉ (@roses_are_rosie)

Поентата е да се ставаат тенки слоеви за да се постигне најмазен финиш што може и да се чека по неколку минути после секој слој.

Ако ви е без врска бојата, а ви се следи трендот, може и вака:

23 јули 2024 - 12:51