Кратка приказна за Скалата

Ова е твит на една жена во шок и вреди да се пренесе.

Извесна Хедер Томпсон вели вака:

Продавам ствари на Фејсбук пред да се селиме.

Маж ми побара да му ја огласам и скалата.

Му реков, „Никој нема да ти ја купи скалата. Јас имам големи работи како клупи, каучи и маси.“

Ја објавив и скалата и луѓе мои, ова е КОМПЛЕТЕН ХАОС.

Секој маж во радиус од 80 километри ЈА САКА СКАЛАТА.

Само што добив уште едно прашање за СКАЛАТА додека го пишувам ова.

Уште еден човек ми пиша да ме праша дали може да го побара маж ми на телефон (веќе помина 22 часот) за да ја зајакне неговата позиција за скалата.

Просто, не бев спремна за ова. Само двајца ме имаат прашано дали можат да го земат моето големо винтиџ огледало.

извор

9 јуни 2025 - 11:56