Конечно, еден корисен вирален тренд

Кога се чувствуваат небезбедни, тинејџери користат претходно снимени клипчиња во кои се преправаат дека се другарче од другата страна на линијата.

Ако некогаш сте се возеле со језив таксист или ви се чинело дека некој ве следи, веројатно и знаете од каде им е идејата на децава.

ТикТок конечно доаѓа на помош, наместо да служи за морони, а се прави следното - се снимаш како една страна на разговорот, и кога ти е страв во нечие присуство, го пушташ тоа, божем разговараш со камера и на тој начин му даваш на знаење на тој што ти прави непријатно дека си во контакт со блиските и знаат точно каде се наоѓаш.

Во еден клип на пример, на една жена лажниот разговор ѝ се одвива вака: „Ти ја гледам локацијата и гледам дека влезе во кола. Требаше да си одиме уште пред 15 минути!“ Паметно е дури и „тој од другата страна“ да звучи револтирано, како да те чека или ти негодува, заради автентичност на повикот.

Постојат дури и интерактивни верзии, кои почнуваат со лажен рингтон и лажни звуци за пораки што ти кажуваат што да кажеш кога ти е тебе ред во лажниот разговор.

Добро е, мислевме дека отиде младината.

17 март 2020 - 13:52