Колку се луѓето посреќни, толку поедноставно се облекуваат

Ваков заклучок може да се изведе од годишниот извештај на ОН за нивото на среќа во светот.

Истражувањето на светската среќа се спроведува на годишно ниво од 2011-та. Сериозни научници развиваат технологии што им овозможуваат во различни земји на луѓето да им ја мерат објективната благосостојба и нивната субјективна оценка колку им е животот добар. Потоа ги споредуваат показателите и составуваат рејтинг по ниво на среќа на нивните граѓани.

Во 2017-та, листата изгледа вака (очекувано):

1. Норвешка

2. Данска

3. Исланд

4. Швајцарија

5. Македонија

хааааахахаха, мораше да се вметне и ваков ужасен виц, значи не,

5. Финска

6. Холандија

7. Канада

8. Нов Зеланд

9. Австралија

10 .Шведска

Истиов лидерски состав е и претходната година, само се изменети местата.

Она што ги обединува овие земји, освен што кај сите има висок животен стандард, големи социјални стандарди и скоро комунизам - во најдобра смисла на зборот, е едноставниот однос на нивните граѓани кон - облеката.

Земјите во кои секоја втора студентка изгледа како модна икона се во четвртата десетка на светскиот рејтинг на среќата.

Поразително или занимливо? Нели може човек да биде среќен, а притоа да носи шарени капути како дизајнирани од Миро?

Затоа што, тие што ги ловиме за улична мода се подолу. Франција е на 32-ро место, Шпанија на 37-мо, Италија, каде што секое дете од кој и да е пол од раѓање знае да се дотера, е на 50-то. А од 157 земји, во третина од нив, луѓето живеат подобро од Италијаните.

А во оние првите 10, од прилика ни е јасно дека: никој не ги витка ногавиците како што пишува во последното издание на Вог, луѓето носат удобна облека, не се секираат дали се во тренд, носат маици, патики, фармерки, дуксери и парки (ок, се разбира дека носат парки, кога на најсреќните според списокот во јули им е 10 степени, но добро).

Може значи, да се биде среќен во едноставна гардероба?

Ако си среќен, сигурен и спокоен, и тоа како е можно. Ако немаш потреба секојдневно на некого да му докажуваш нешто од петни жили, или да демонстрираш некаков (многу често имагинарен) статус, може.

Од друга страна, толку ли им е на едноставните незамисливо дека може да си среќен, спокоен и задоволен и ппус да те воодушевува мода?

Или уште сме кај концептот дека дотерувањето се прави за некој друг освен за себе?

28 мај 2019 - 10:50