Кога жените се фини една со друга

Жените стварно имаат капацитет да го направат светот подобар за живеење. Само да направат пауза од правење сопки меѓу себе.

На наше огромно задоволство, по интернет има примери на женска солидарност што предизвикуваат олицетворение на фразата „ти го стоплува срцето“. Само да се шири ова расположение и на коњ сме.

„Пред пет години, дечкото ми раскина затоа што ‘сум била бубалица опседната со учење!‘ Дипломирав на добар правен факултет и станав успешен адвокат. Денес, се сретнав со клиентка и ми кажа дека сака да се разведе од сопругот што ја изневерувал и да му земе сѐ што може. Сопругот излезе дека е истиот бивши дечко. Едвај чекам да му го видам изразот на лицето на суд кога ќе ме види седната до жена му.“

„Прашав една девојка каде ја правела фризурата и не само што ми кажа, туку и ми закажа и ми обезбеди попуст кај фризерот.“

„Некои типови седнаа околу мене во воз и ме приклештија, иако вагонот беше празен. Не знаев што да правам и се парализирав од страв. Во тој момент ми пријде една жена и ми рече, „Овде сме, ајде!“ и успеа да ме извади од возот.“

„Еднаш паднав на сред улица. Две девојки ми пријдоа, ме кренаа и прошетаа малку со мене за да не умрам од срам.“

„Ми се слоши во автобус додека одев кон полагање за кола. Жена што никогаш претходно ја немав сретнато, се симна со мене, ме однесе во продавница и ми купи шише вода и палома.“

„Еднаш, еден што седеше до мене во метро, се преправаше дека заспива, само за да може да ми легне на рамо. Девојката од карши виде и без збор ми покажа дека има место да седнам до нејзе.“

Од Твит:

„Драга Хана што учиш за болничарка на академијата Далас! Случајно го слушнав дечко ти во ресторан како му кажува на другар му колку пати те изневерувал месецов. Не те заслужува!“

(На ова истата Хана има одговорено дека без твитот, сѐ уште ќе живеела со него и дека раскинале.)

„Има нешто многу слатко во тоа како девојчињата сакаат од сѐ да направат нешто за уживање. Јас и другарките се дотеруваме пред испит. А кога бев мала, мајка ми ми ја чешлаше косата и ми ја украсуваше со шноли пред да ме носи на лекар. Женските прават сѐ да биде попријатно.“

Последното е ситуација на Твитер кај една инфлуенсерка. Една девојка ѝ коментира: „Да се будам толку убава како тебе, би била најсреќна девојка на светот.“

Во редок момент на онлајн искреност, девојката што го добива комплиментот вели: „Веѓите ми се тетовирани, имам надградба на трепки и филери на уста. Ти си прекрасна.“

извор

16 декември 2020 - 14:00