Кога веќе мора маски…

Заштитните маски очигледно ќе стануваат велнес тренд, благодарение на нашиов се поапокалиптичен свет, со секојдневни пожари, епидемии и општ страв од болештини.

Како бе фешн маски?!

Хируршките маски се долго време популарни во Источна Азија, како што објасни новинарот Џеф Јанг пред неколку години, а во секојдневна употреба влегуваат по епидемија на грип на почетокот на 20-ти век. Вели:

„Тенденцијата да се носи нешто што го покрива лицето за да се спречи влијание на лош воздух е нешто што е многу постаро од теоријата за поврзаноста меѓу бактериите и болестите - ова се наоѓа во темелите на источноазиската култура.“

Предвидел дека бројните рационализации за користење на маските можат да ја направат оваа „мода“ популарна насекаде.

И еве ја, дојде. Њујорк Пост за маските рече дека се моден додаток што „мораш да го имаш“, а на модната недела во Лондон се појавија и некои со декорирани хирурши маски. Исто и во Њујорк, и оваа и минатата година. Во еден скеч на СНЛ, ставија и маска со Бурбери дезен.

Како што е случај со многу луксузни велнес предмети, ефикасноста варира и тоа врз основа на човек, ситуација и производ. Украсени со светкави камења, некои и платнени или мрежасти, маските на Фешн Вик се главно декоративен превез, а не заштита. Дури и робусната Н95-ка што филтрира честички не е доволна за човек да се заштити од коронавирус во области каде што има доволно случаи за да постои загриженост.

Некои луѓе носат маски не за да се заштитат од другите, туку другите да ги заштитат од себе, што е благо ефикасно, дури и љубезно. А тешко е да се расправаш дали (и зошто не) тие маски треба да бидат добро дизајнирани, и во однос на функционалност и во однос на естетика. Евелет истакнува дека Вогмаск (бренд за маски од Калифорнија) доаѓа во една какофонија од стилови - на пример гепард, или „органска“, што и да им значи тоа во овој контекст.

А сепак, ветувањето што го даваат велнес маските оди подалеку од тоа да бидат само аксесоар во новиот пеколен свет. Своите производи ги нарекуваат „алатка за велнес, стил и симбол на грижа за себе, планетата и иднината.“

Значи, сега маските се „грижа за себе“.

Патем, истите клучни зборови, Вогмаск ги користи и за други сомнителни глупости - стапчиња од јаглен што прочистуваат вода, згодни пакетчиња со суплементи што ништо посебно не ти прават за здравје, шампон без парабени… Како сите овие ствари, ветувањето е дека потрошувачот ќе биде безбеден од скроз нерелевантни „закани“.

Тоа не значи дека Вогмаските за кои станува збор овде не се распродадени, чисто информативно.

24 февруари 2020 - 18:23