Кога троловите ќе допрат до тебе

Хејли Бибер, модел и сопруга на Џастин Бибер споделува како во еден момент интернет-омразата насочена кон нејзе ја довела до психијатар.

„Морав многу да работам на ова со терапевт, затоа што го доведоа до степен на претерано лудило. Она што најмногу ми пречи е што многу луѓе на интернет посакуваа да не сум фина личност. Очекуваа да бидам злобна и со право да можат да ме викаат кучка. А не ме ни сретнале во живо.“

Со ваков проблем се среќаваат многу од полуславните и славните фаци на интернет, а во случајот на Хејли Бибер, главниот извор се фановите на Селена Гомез. Причината е што како помали, Џастин Бибер и Селена Гомез беа пар, и без разлика што пораснаа и фатија различни правци, фан-базата на интернет сѐ уште доцни со материјалот.

Хејли се справува со игнорирање.

„Мислам дека главно не треба да им реагираш. Социјалните мрежи се сведуваат на луѓе што ги проектираат сопствените несигурности врз тебе и просто - лажат. Измислуваат луди, чудни лаги што можат навистина да те вознемират и да ти го нарушат менталното здравје.“

На крај, заклучува дека битно е човек да се справи со идејата дека никому ништо не му должи. На луѓето им влезе во навика да имаат чудни и високи очекувања од јавните фаци, на што делумно и се должи „културата на откажување“ според Бибер.

„Јас прифаќам дека сѐ уште растам како личност. Би сакала луѓето да беа поотворени кон идејата дека луѓето учат, растат, грешат и продолжуваат. Но, живееме во култура на откажување и постојано има ‘ти направи вака и вака, откажан си.’ Тоа е многу, многу токсичен менталитет.“

17 јануари 2021 - 18:27