Кога Тина ја виде Анџела Басет како Тина

Анџела Басет памти дека ја сретнала Тина Тарнер прв пат, кога Тина дошла да види кој ќе ја глуми во What’s Love Got to Do With It. Кога дошла, ја видела Анџела во костим и рекла „Совршена е.“

Мора да му се видела совршена и на Лоренс Фишбурн - пет пати ја одбивал улогата на Ајк Тарнер, додека не видел кој ќе ја игра Тина.

Басет ја избрале само месец пред да почне снимањето. Во тој месец морала да научи да зборува, да игра и да се движи како Тина. Имала волја и пеењето да го научи но „не за тоа кратко време што го имавме.“ Со Тина работела многу малку, да ѝ помогне да ги рекреира танците.

Се размислувало и за Хали Бери, Робин Гивенс, Пам Грир, Витни Хјустон, Џенет Џексон и Ванеса Л. Вилијамс за улогата. На Витни и ѝ ја понудиле, но Витни била пред породување. На аудиција за Тина дошла и Џенифер Луис, но ја добила улогата на мајката на Тина, иако била само една година постара од Басет.

Тина понатаму има кажано дека ќе ѝ било подраго да не била прикажана како жртва во филмот. Во 2018, кај Опра изјави дека скоро пред тоа го гледала филмот.

„Малку гледав, но не довршив затоа што не беше така… Не сфатив дека толку многу детали ќе изменат.“

Басет беше прогласена за една од 100-те навлијателни луѓе на Тајм во 2023, и тогаш Тина пишуваше за нејзината улога во What’s Love Got to Do With It:

„Анцела, првиот пат кога се сретнавме, не изгледаше, не звучеше, не се ни движеше како мене. Но, дури и тогаш, можев да видам дека младата жена пред мене имаше сила, одлучност и големи, големи соништа, како мене. Совршена е, реков тогаш и во право бев. Никогаш не ме имитираше. Наместо тоа, посегна длабоко во душата, ја најде својата внатрешна Тина и му ја покажа на светот.“

Да се потсетиме:

А овде - што има утнато филмот:

24 јуни 2024 - 12:11