Кога СНЛ прави реклами за мода

Не може една мултимилионска компанија да мисли дека нишани право во емоциите на потенцијалните купувачи, колку што СНЛ може да ја разоткрие пред народ.

Во компилацијава дури ги нема ни сите модно-културни промашувања на маркетингот - не смееме да заборавиме како го утепаа H&M, ни на вистинската причина зошто носиме хеланки, и никако на реалната реклама за детска облека што вклучуваше и „патики што ви го растураат бракот“, на пример.

Овде ја опфатиле онаа брука од кампања на Келвин Клајн со Џастин Бибер, мршојадното ловење на жените со прекумерна тежина во новото време, непостоечкиот женски лик од реклами за парфеми и тажната вистина за голем дел од луѓето што на своите партнерки им купуваат Картие.

4 декември 2020 - 11:02