Неделна доза ентериер:

Кога после 200 прегледани станови ќе го најдеш ова

Архитектката Серен Бингол живее во Челзи веќе шест години. Во еден момент решава да бара нов стан и проаѓа некаде меѓу 150 и 200 станови, за на крај да најде студио од 92 квадрати и 4 метри високи тавани, во зграда во Тудорски стил - и знае дека е тоа - тоа.

Џекпотот е следен: фантастичен оригинален камин и локација блиску до Централ Парк каде што ќе си вози точак. И ние би знаеле дека е тоа - тоа.

Само што, не го наоѓа баш така совршено. 

Прво имаш ова:

Кое, вака изгледа многу романтично, ама тие даски треба да издржат човек постар од 9 години. И коа имаш гости, фино е да им продаваш автентичност, ама не и термити. Па, така, го претвора во ова:

Одеднаш ви се купува стан кај Централ Парк. Да.

Не е тешко да процениш потенцијал, кога ќе влезеш во нешто вакво:

...Кое што со мајстори и чувство за естетика станува многу поведро:

Маааалце ни е криво за таа фината, шармантна боја на ѕидот, ама па, новово е совршено склопено. Нов шарм на ѕидот. Прозорите фантастични. Има вакви кај нас?

Понатаму, почнуваат да отвараат. Таа скапаница горе им е позната на сите што реновирале во Градски ѕид. И бидејќи е студио од 90 квадрати, многу лесно можеш да изведеш и втора спална, и кујна и ходник со плакари.

Односно, вака:

Држиме среќа некој од новиве инвеститори да ги прежали сите можни ќошеви и ќар-квадратури, па да му текне дека и од стан со високи тавани се заработува...

25 декември 2018 - 13:06