Често ги гледале излезени на вина и вечери, често и заедно со сопрузите Еди Фишер и Мајк Тод.
Но, кога Тод, сопругот на Елизабет Тејлор, загинал во авионска несреќа, таа побарала утеха во Еди Фишер, не во другарка ѝ.
За тоа има зборувано и самата Рејнолдс (инаку мајка на Кери Фишер):
„Отидов во МГМ кога имав околу 17 и Лиз беше таму, но веќе беше ѕвезда... Заедно одевме во школо кога беше меѓу филмови. Јас бев само почетник и не бевме воопшто слични, но многу се согласувавме. Жените ја сакаа, мажите ја обожаваа - меѓу нив и мојот сопруг...“
И покрај гласините за аферата, Рејнолдс не верувала, додека не се јавила во хотелската соба на Елизабет Тејлор и слушалка кренал токму Еди Фишер.
„Одеднаш, многу работи ми станаа јасни... Ѝ го чув гласот, како го прашува кој е на телефон - многу беше очигледно дека се заедно во кревет... Му реков, оди понатаму и дај ми да зборувам со Елизабет.
Последна дознав за аферата. Имаше најави по весници и гледав кога ќе се појавев на некои настани како си шепкаат луѓето. Иако не сакав да дознаам, морав да се соочам. И пак ми беше голем шок.“
Тејлор и Фишер завршиле во брак и биле среќни, сè до снимањето на „Клеопатра“, каде што Тејлор го запознава Ричард Бартон. Од ова, поголем пресврт е дека со тек на време, двете актерки повторно почнале да се дружат, па и да работат заедно во филмот на Кери Фишер These Old Broads.