Фишер имала долга и успешна кариера како сценарист после трилогијата „Војна на ѕвездите“. Нејзино дело е полу-автобиографското Postcards from the Edge, но најмногу работела на преправање и додавање на веќе напишани сценарија. Насловите не се кои било - сè се блокбастери како Hook, Lethal Weapon 3, Sister Act и The Wedding Singer.
Едно од најнеочекуваните сценарија што одново го пишувала е на „Вресок 3“, што било отстапка и за франшизата и за Фишер. Затоа и третиот дел има повеќе шеги и продолжува со ревносно исмевање на холивудската машина.
Фановите тврдат дека влијанието главно се гледа во дијалогот на Гејл Ведерс (Кортни Кокс), а се појавува и во мала улога како Бјанка Бурнет.
Еве ја во филмот:
А овде, 75 докази колку е слоевит овој филм, навидум направен за „забављање народ“: