Ќе треба да се навикнеме на „вакцина-селфи“

Минатата недела, се појави докторски твит во кој авторот бараше од своите 5000 следачи совет за „брзи вежби што ќе му ги истакнат мускулите за кога ќе прави селфи со вакцина.“

Оттогаш, и тој и многу други доктори се вакцинираа и објавија селфи од вакцинирањето, кое за жал има и име и се вика „вакси“ - главно на нив им е и достапна вакцината заедно со ранливите категории.

Џенифер Хуанг, асистент-професор на на педијатриска кардиологија во Орегон вели, „Со пандемијата имаше многу помалку можности за селфи - нема патувања, нема собири, и сега е забавно да се пофалиш.“ Пред два месеци, претседателските избори во Америка понудија уште една таква шанса - селфи на гласање, колку да се пофалиш и да охрабриш уште некој да гласа. Уште еден лекар, Марк А. Луис се шегува дека кревал тегови пред вакцинирањето, иако му било џабе, бидејќи сестрата што го вакцинирала му рекла да не стега мускули.

Други медицински лица имале слични непријатности - на една болничарка ѝ рекле дека не може да се слика додека прима вакцина.

Како и со секој тренд во кој ужива група луѓе, така и овој почнуваат да го плукаат - конзервативците го нарекуваат „сигнализирање доблест“, или, „видете колку сум јас одговорен“, а други едноставно ги викаат фалбаџии. Сепак, мислењето на медицинските лица кои примаат вакцина и и се сликаат е дека, без разлика што изгледа фалбаџиски, важно е да покажат дека ја сметаат вакцината за безбедна.

Вредноста е поголема во билдањето на довербата на јавноста, отколку во ризикот дека некои луѓе ќе се почувствуваат изоставени. Стивен Халидеј, асистент на универзитетот во Висконсин се согласува дека овие фотографии се добри за морал.

„Додатен бонус на селфи со вакцина е што обезбедува зрак надеж и чувство на солидарност со здравствените работници. Сепак, мојата сопруга смета дека е смешно. Медицинска сестра е и не објави селфи со вакцина.“

Кај нас допрва треба да дојде, така што, види и: Почнаа инфлуенсериве

30 декември 2020 - 11:44