Проектот (како и „Ноќ на вештерките“) го предводи Дејвид Гордон Грин, а откриено е дека и сценариото е веќе напишано:
„Егзорцист е напишан,“ вели режисерот. „Тоа ми беше еден од проектите за време на пандемијата. Не е погрешно да се каже дека ќе биде продолжение на оригиналот. Ги сакам сите делови и не само што ги сакам, туку мислам дека можат да влезат во целата прифатлива митологија на она што го правам. Нема да биде ‘преправајте се дека не постоел Егзорцист 2’.“
Инаку, филмот излезе во 1973 и е базиран на романот на Вилијам Питер Блати со истиот наслов. Приказната следи двајца католички свештеници (Макс фон Сидов и Џејсон Милер) кои се обидуваат да ја спасат душата на Реган Мекнил (Линда Блер), опседната од демонот Пазузу.
Во тоа време беше неверојатно контроверзен и прогласен за еден од највлијателните хорори на сите времиња. Го режираше Вилијам Фридкин и доби 10 (десет!) номинации за Оскар, меѓу кои и таа за Најдобар филм, што го прави прв хорор филм што ја добил.
Датум нема (навикнати сме), но Грин се надева дека „ќе биде наскоро“.
Продуцирани се четири поврзани проекти со првиот филм, иако ниеден од нив не го достигна успехот на делото на Фридкин. На новиот, продуцент ќе биде Џејсон Блум, на The Conjuring, Get Out и Happy Death Day.
Грин прво беше ангажиран да ја почне франшизата одново, но после негативна реакција од посветените фанови, се смени одлуката, и новото е продолжение што ги содржи сите важни елементи од сите досега постоечки епизоди.