Додека да сфати дека настанало недоразбирање, Стјуарт веќе се спремал за Торнхил, па Хичкок знаел дека ќе биде многу разочаран. Како решение, ја одложил продукцијата на филмот, додека Стјуарт не бил безбедно ангажиран на „Анатомија на едно убиство“ на Ото Премингер, за да може да му ја „понуди“ улогата. Стјуарт немал друг избор освен да одбие, што на Хичкок му овозможило да го ангажира Грант - актерот што од почетокот го имал во план.
На Грант сценариото му било збунувачко и на сред снимање му рекол на Хичкок дека е „Ужасно сценарио, затоа што третина веќе снимивме, а јас уште не можам да му го фатам крајот!“ Хичкок знаел дека оваа збунетост може само да му помогне на филмот, затоа што и ликот на Грант секако нема поим што се случува. Грант мислел дека филмот ќе пропадне, додека не дошла премиерата, што поминала одлично.
Дента кога требала да се снима сцената каде што Торнхил се крие, Грант го погледнал сетот што се градел и му кажал на Хичкок дека е трапаво направен и дека нема да го бива за филмот. Хичкок комплетно му верувал и наредил да се преправи сетот со подобри стандарди без воопшто да ја провери ситуацијата самиот.
Во 2006, на панел на ЏиКју, модни експерти имаат кажано дека сивото одело што Кери Грант го носи во текот на речиси целиот филм е најдоброто одело во историјата на филмот. Истовремено е највлијателно во машката мода, и оттогаш е ископирано за Том Круз во Collateral и за Бен Афлек во Paycheck. Писателот Тод Мекјуен го нарекува „прекрасно“ и има напишано расказ со наслов „Оделото на Кери Грант“ кој ја раскажува приказната на филмот од гледна точка на оделото.
Инаку, годинава, на 18 јануари се навршија 120 години од раѓањето на Кери Грант.