За да добие пари да си ја одржува фамилијата чудаци, Чарлс Менсон се здружил со ќерката на Анџела Лансбери, Диди, тогаш наивна тинејџерка.
Додека сè уште била во средно школо, Менсон и неговите ја собирале после часови и ја „терале“ да плаќа за сè од облека, до делови за кола. Диди била многу горда дека се дружи со модерно друштво хипици.
Лансбери има кажано дека Диди била една од многуте млади што го познавале Менсон и биле фасцинирани од него.
„Тој беше исклучителен лик, харизматичен на многу начини, тоа воопшто не беше спорно.“
Со тек на време ѝ ги одземале картичките на Диди, па Менсон ја откачил. Но, тука не завршува приказната, затоа што додека се дружеле со него, Диди и нејзиниот брат Ентони се навлекле на хероин. Кога виделе каков ефект има Менсон на нејзините деца, Ленсбери и нејзиниот сопруг Питер Шо го преместиле семејството во семејниот дом во Корк Каунти, Ирска.
„Ме привлече Ирска затоа што таму е родена мајка ми, но знаев и дека е место каде што моите деца нема да бидат изложени на нови лоши влијанија.“
Лекар на Диди и Ентони им препишал метадон за да се изборат со кризите и тоа, заедно со комплетно сменетиот живот конечно го поправило семејството на Анџела.
Во еден момент има кажано и дека не се ни сомневала дека ќе изгубела едно, ако не и двете деца да не ги отстранела во сосема поинакво милје.