Тоа не е затоа што нема разлика, туку затоа што не сме во тој дел од популацијата истрениран за разликите.
Значи, првото чини 5000 долари, второто 180.000 долари, третото еден цел милион.
Додека раскажува што ќе прави, спомнува и дека имала прилика на Џулијард да свири на чело од 6 милиони долари, што прво - како не ѝ е страв.
Музичари веројатно едвај би чекале да му се доближат, ама ние останатите во негово присуство само би свртеле глава и би напуштиле за да не го оштетиме со дишење.
Дури на безбеден километар растојание некако би се издишале. Затоа што, шест милиони долари се собираат, ама постаро и поубаво чело од Страдивари нема да изградиме. Затоа што, колку постаро и понезаменливо, толку се поголеми шансите баш ти да го гребнеш.
Назад на „поевтиниве“, ако забележите разлика - алал, ако не, бар ќе ја чуете убав Bach Cello Suite No. 1
Еден од коментарите под видеото многу убаво илустрира впечатоци:
„Првото звучи најубаво кога ќе размислуваш што ќе правиш со останатите 995 илјади додека го слушаш.“