Страшна недела беше за менаџерите на музичкиот дел од социјалните мрежи. Халси, на пример, скоро објави дека продуценттие не ѝ дозволуваат да ја пушти новата песна додека не „изведе“ нешто вирално. Ова им се случи на уште неколкумина - мораат да поиграат некако глупо пред камера, или едноставно одлучија да бидат искрени - па така да дојдат до виралност.
Во целокупниот маркетинг за еден музички производ сега обавезно влегува ТикТок, но целиот процес ја дели јавноста - дали сите треба да бидат на ТикТок, или не треба да се дозволи од ТикТок да зависи толкаво индустрииште?
Музичарката Ребека Луси Тејлор, позната и како Селф Естим се мачи со ова и негодува што големите музички куќи инсистираат секој артист да ги користи истите алатки, дури и кога не му одговараат.
„Главниот проблем ми е колку тоа мора да е лично, одеднаш продаваш делови од твојата личност,“ вели таа. „Валутата не можеш да бидеш само ти и тоа што претставуваш, валутата мора да биде музика, шоу во живо и изведба… А ич не е така сега. И мора да се размисли за данокот што тоа го зема во однос на мислењето што го имаме за себе.“
Признава дека се работи за одлична алатка, но инсистира дека прави долгорочна штета. Дури и за изведувачи што имале огромен бенефит од ТикТок, барањата нонстоп да објавуваат и начинот на кој апликацијата ја притиска музиката се чувствуваат во сите сфери. Нови артисти ги менуваат топ-листите со хитови преку ноќ; други успеваат да се уверат дека е навистина лесно да се стигне до некои врвови (а, не е), а самите издавачки куќи очекуваат цели претстави - без разлика што се основани уште пред да постојат социјални мрежи. Сето ова за да бидат конкурентни со новите вирални стандарди за успех. Ваквиот притисок доаѓа со своја цена - индивидуите и нивното чувство за вредност.
„Мислам дека ќе биде како со пушењето - како кога се мислеше порано дека не е штетно,“ вели Ребека. „Мислам дека ова е нашата верзија, изведувачите ќе имаат по 60 и 70 години и уште ќе го јадат стапот од штетноста на сето ова.“