Како Сталоне го избрка Ричард Гир од филм - заради сенф

На почетокот на ‘70-те, Ричард Гир требало да глуми во филмот The Lords of Flatbush со Силвестер Сталоне. Имало тензии, на крај добил клоца и го замениле со Пери Кинг. За причината раскажува Сталоне.

„Да, оригиналната улога на Чико што ја играше Пери Кинг требаше прво да ја игра Ричард Гир, но никако не се погодивме. Се шеташе наоколу со тоа преголемата кожна јакна, како да е некој опасен тип. Еден ден, додека импровизиравме, ме заграба (симулиравме тепање) и малку се занесе. Му реков нежно да се разведри, но беше комплетно влезен во лик и не се трпеше.

После тоа, пробувавме на Кони Ајленд и беше време за ручек, па направивме пауза и единствен топол простор беше задното седиште на една Тојота. Јас јадев хотдог, а тој влегува со половина кокошка прекриена со сенф со зејтин што само што немаше протечено од фолијата. Му реков, ако ми заврпи тоа на панталони, ќе ме запамтиш.“ Тој гризна од пилешкото и мала, мрсна река од сенф ми заврши на бутот. Му удрив лакт во глава и го избуткав надвор од кола. Режисерот мораше да бира: Еден од нас мораше да лета, еден да остане. На Ричард му дадоа отказ и до ден-денес не ме трпи.“

Според Сталоне, Гир е уверен дека тој ја почнал и гласината за гербилот.

23 јануари 2025 - 12:34