Како сме дошле до моторна пила?

Прво била со ланец и рачно вртење, ама не е тоа битно, битна е причината поради која што денес постои. А причината е за да помогне при породување.

Денес, пилите се користат главно за сечење дрво, но не се измислени поради тоа. Пред првиот царски рез во 1794 година, се користеле мали медицински ножеви и пили за да се извадат бебиња што не можеле да излезат преку каналот.

Лекарите практикувале нешто што се вика симфизиотомија, со која се отстранувале делови од коската и ‘рскавицата за да се создаде повеќе простор за бебето да излезе. Овие симфизиотомии се правеле без анестезија и биле ужасно болни за мајките.

Во 1780, доаѓаме до медицинските пили на ланец, измислени од лекари, што отстранувањето на карличната коска, а со тоа и бебето го правеле полесно и побрзо. Овие пили работеле со рачка и најлесна споредба е со денешен кујнси нож со мали запци, на овален синџир.

Уште ли ќе се буните што некои мајки од старт се одлучуваат за епидурална? Или доволно пропативме низ историјата?

6 ноември 2024 - 13:10