Како се нанесува парфем за да трае цел ден

Новогодишна одлука за 2021 - чувајте парфеми во фрижидер.

Парфемот има врска со личен избор и наклонетост и пронаоѓањето на сопствениот мирис бара време.

А кога ќе го најдеме, поентата е да трае подолго, и на кожа и во шише - затоа е важно да се нанесува правилно. Секој може да шприцне два-три пати и да заврши работа, но ако сакате да извлечете максимум од мирисот, ви треба малку вештина и финеси. За сите чекори да бидат правилни, Јаху разговара со Бен Криглер, парфимер и петта генерација сопственик на производителот на парфеми Криглер, за сите начини на кои може да се користи парфем и да се остави впечаток.

Тестирајте го парфемот пред да го користите
Најчестата грешка што луѓето ја прават е што користат парфем што не го пробале, бидејќи мирисот се менува штом ќе се измеша со природниот мирис на кожата. „Нашата хемија ќе го трансформира мирисот,“ објаснува тој. „Можеби сакате лесен мирис, но во зависност од тоа кога и каде ќе го ставите, може различно да реагира.“ Читајте ги нотите и тестирајте го пред да му се обврзете.

Прскајте на зглобовите и вратот за да трае
Според Криглер, не постои погрешно место за нанесување парфем, но ако сакате да ви трае цел ден, препорачува да се нанесе на пулсирачките делови - зглобовите и вратот, бидејќи топлината на овие делови ќе го измеша со хемијата на вашата кожа. И никако триење. Така мирисот се менува уште повеќе и не трае долго.

Ако сакате да мирисате на шишето парфем, прснете на облека и коса
Косата и облеката поинаку се здружуваат со составот на парфемот, па на овој начин ќе мирисате најблиску до мирисот на парфемот додека е во шише.

Нема потреба од претерување
Прво, нема потреба да прскате повеќе од еднаш кога ќе го ставите парфемот. Криглер објаснува дека колку повеќе користиме одреден мирис, повеќе ни се навикнува носот, па мислиме дека мораме уште неколку пати да нанесеме. Во однос на освежување во текот на денот, вели дека зависи од мирисот. Дрвенестите, зачинети и цветни мириси траат подолго, а лесните, цитрусните и овошните може да бараат повторно нанесување.

Последно (и проверено):

Парфемот чувајте го на собна температура - или во фрижидер!
Како што кожата ја менува хемијата на парфемот, истото го прави и температурата на која го држите. Парфемите нека бидат подалеку од сонце и топли, влажни простории како купатило. Наместо тоа, нека бидат на собна температура, а ако сакате мирисот да остане свеж и да трае подолго, пробајте да го чувате парфемот во фрижидер.

5 јануари 2021 - 13:44