Како мислиш „еден од најстрашните хорори на деценијата“, а е со Николас Кејџ?

И наводно „никогаш нема да го гледате Николас Кејџ со исти очи.“

Според фановите, страшниот филм „доведува до раб на солзи“ цело време, дејствието е во ‘90-те и следи сериски убиец и ФБИ агентка што се обидува да го фати и да го спречи во сатанистички ритуал.

И ова не било обична приказна за сериски убиец - луѓето што го гледале до сега тврдат дека „психолошки те оштетува“.

Баш и немаме нешто волја психолошки да се оштетуваме, ама тие што сакаат треба да го побараат Longlegs.

Режисерот е Оз Перкинс што зад себе го има Гретел и Хансел. Поважно е што за татко го има Ентони Перкинс.

Кој беше Ентони Перкинс?

Така.

Уредникот на Некст Бест Пикчр, Мет Неглиа пишува дека Longlegs е еден од најдобрите филмови за сериски убијци во поновата историја и дека прикажува „вознемирувачки пад кон пеколот што ќе ви ги опседне умот и душата.“

И уште викаат дека е најдобар хорор со сериски убиец од „Кога јагнињата ќе стивнат“ па наваму, што е сериозна изјава, и сега веќе треба да се гледа.

Трансформацијата на Кејџ не се гледа на трејлерот. „Ова ни е зад кулиси и кога ќе се соберат доволно луѓе, ќе ја повлечеме завесата,“ има изјавено Перкинс.

Вака вика Николас Кејџ:

„Чудовиштето е многу, многу опасна супстанца. Начинот на кој се движи, се открива, мора да се третира многу внимателно. Нема само киното да полуди, целиот град ќе полуди, цела земја, можеби и светот. Ќе ви ја промени реалноста. Вратите на перцепцијата ќе ви се отворат, животот нема да ви биде ист.“

Е, на толку муабет, само ако е глуп.

3 јули 2024 - 11:55