Многу малку избори во животот се поважни од дали да се има деца или не, и псхолозите и социјалните научници имаат вложено доста труд да разјаснат што децата значат за среќата. Некои од најистакнатите научници расправаат дека ако сакаш да бидеш среќен - поарно ти е без деца. Други се бунат, истакнувајќи дека многу зависи од тоа кој си и каде живееш. Но има и едно посериозно прашање - што ако наградата од имањето деца е поинаква и подлабока од среќа?
Раните истражувања се одлучни: Да се има деца е лошо што за квалитетот на живот. Во едно, психологот Даниел Канман и неговите колеги прашале 900 вработени жени, на крајот на секој ден да си ги кажат активностите и да кажат колку биле среќни за време на нив. На времето поминато со децата се сеќавале како помалку радосно, отколку за време на други активности како гледање ТВ, пазарење или спремање храна. Други истражувања откриваат дека кога се раѓа дете, родителите искусуваат пад на среќата што долго време не си оди, заедно со пад во брачното задоволство што не се опоравува додека децата не ја напуштат куќата. Професорот од Харвард Ден Гилберт вели,
Единствениот симптом на празното гнездо е нонстоп смешкање.
Сепак, децата, особено додека се млади, доаѓаат со финансика борба, недостаток на сон и стрес. За мајките во многу случаи тоа значи и физички товар од бременост и доење. И децата можат да претворат весела и љубовна врска во остра борба за кој смее да спие, а кој смее да работи. Џенифер Сениор, писателка на Атлантик (и на книгата Само радост, без забава), вели,
Децата ги провоцираат најчестите расправии на една двојка - повеќе од парите, повеќе од работата, повеќе од фамилијата, повеќе од иритантните лични навики, комуникациски стилови, активности во слободно време, проблеми со врзување, проблематични пријатели, секс.
Некој што не го разбира ова, слободно нека помине цел ден со луто 2-годишно дете (или скиснато 15-годишно); ќе сфатат одма што сака да каже.
Но, како што често бива во психологијата - иако многу истражувања се согласни дека, во случајов, „имањето деца те прави несреќен“ - пристигнуваат нови напори за покомплицирани заклучоци.
На пример, среќата не удира исто кај сите.
Според една студија, татковците на возраст од 26 до 62 доживуваат буст на среќа, а помладите од оваа возраст страдаат најмногу. А и географските разлики се од критична важност: При разгледување на нивоата на среќа на луѓе со или без деца во 22 земји, се открило дека степенот до кој децата те прават среќен зависи и од тоа дали твојата земја има деца-френдли политики, како платено отсуство по раѓање. Родителите од Норвешка и Унгарија на пример, се посреќни од паровите без деца таму - но родителите од Австралија и Велика Британија се понесреќни од луѓето без деца во тие земји. Земјата со најголем пад на нивото на среќа откако ќе се добијат деца? САД.
Децата некои ги прават среќни, а некои мизерни; останатите влегуваат некаде измеѓу - зависи, меѓу другите фактори и колку години имаш, дали си мајката или таткото и каде живееш. Но останува една нејаснотија: Многу луѓе би имале посреќни животи и бракови доколку би избрале да немаат деца - а сепак го објаснуваат родителството како нешто најдобро што го направиле. Зошто всушност повеќе не жалиме што имаме деца?
Можен е феноменот наречен дисторзија на сеќавања. Кога мислиме на претходните искуства, имаме тенденција да ги паметиме добрите моменти, а да забораваме на ужасното секојдневие меѓу нив. Сениор вели вака:
Оној дел од нас што искусува, на истражувачите им кажува дека повеќе уживаме во дремење, пазарење, одговарање мејлови или миење садови отколку со децата, но делот од нас што се сеќава раскажува дека никој - и ништо - не ни носи повеќе радост од децата.
Можеби не е среќа тоа што го живееме секој ден, но среќата на која мислиме, ја повикуваме и ја паметиме, е она што ни ги прави животните приказни.
Ова се возможни идеи и не се за отфрлање. Но други теории за тоа зошто луѓето не жалат што станале родители немаат никаква врска со среќата - барем не ако гледаш едноставно на тоа.
Една има врска со приврзаност. Повеќето родители ги сакаат своите деца и би било ужасно да признаеш дека би ти било подобро кога некој што го сакаш не би постоел. Понатаму, повеќе сакаш да има свет во кој ги има твоите деца. Ова родителите ги става пред една интересна дилема, на посакување состојба што не ги прави среќни колку што ги прави алтернативата.
Друга поента лежи во тврдењето дека „во животот има поважни работи од среќата“. Кога Пол Блум вели дека растењето на неговите синови е најдоброто нешто што го направил, не вели дека тоа му дава задоволство во едноставна, секојдневна смисла, и не вели дека е добро за неговиот брак. Зборува за нешто подлабоко, што има врска со сатисфакција, цел и значење.
И не е само тој, ако прашаш луѓе за значењето и целта во нивните животи, родителите ќе ти речат дека нивниот живот има повеќе значење од животот на луѓето без деца. Студија од социјалниот психолог Рој Баумајстер и неговите колеги, открива дека колку повеќе време луѓето поминуваат грижејќи се за деца, толку позначаен велат дека им е животот - иако пријавуваат дека не се посреќни.
Растењето деца, тогаш, има несигурна поврзаност со задоволството, но се поврзува и со други аспекти од еден добро одживеан живот, задоволувајќи ја потребата за приврзаност, значење и цел.