Ана Винтур сакала мода, постари, ситуирани мажи со врски во општеството и - да работи во Вог. Шефицата во списанието каде што работела ја нервирала, затоа што не можела да поднесе претпоставен што е послабо модно освестен од нејзе. Затоа, малце ѝ бил Лондон каде што била позната како „ќерка му на Чарлс Винтур” (татко ѝ инаку, бил уредник на Лондон Ивнинг Стандард) - решила дека ќе оди преку океан. Татко ѝ често се консултирал со нејзе за категорија „све што воле млади”, ама нејзе ѝ се здосадило да ја знаат само преку него.
Напуштила колеџ, напуштила и часови по мода тврдејќи дека „или се разбираш во мода, или не”, па од таму и има логика нечие прашање во коментар, под 10-минутната животна приказна, парафразирано: „Се прашувам дали некогаш вработила човек со слично академско ниво.”
Во Њујорк, работи за две-три списанија пред да оди на интервју во Вог. И веројатно легендата околу нејзината суровост на интервјуа (како што, нели, ни покажа и Мерил Стрип) е вистината, затоа што наводно, еднакво е директна и сурова и од другата страна на интервјуто - на Грејс Мирабела, тогашната уредничка на Вог ѝ рекла дека баш нејзината работа ја сака.
Не прошло интервјуто како што треба, ама сепак ја вработиле. Со двојно поголема плата од претходната и измислување на местото „креативен директор”. Стварно треба да знаеш што сакаш за да стигнеш до ваков договор.
Кога ќе стане уредничка на британскиот Вог, почнува да ги менува работите на подобро, и притоа влијае на историјата на печатените списанија, што се разбира ѝ носи непријатели. Паралелно, домашниот живот ѝ се одвива хармонично, ама надвор, кога веќе си запнал да носиш одлуки што го менуваат светот - нормално дека ќе ти измислат прекари од типот Nuclear Wintour (игра со зборови за Нуклеарна зима). „Ѓаволот носи Прада”, милион пати спомнат, е сниман според книга, чија авторка работела за Ана Винтур.
Винтур тврди дека филмот е повеќе фикција отколку факти, но истовремено и цврсто верува дека „секој треба да биде отпуштен барем еднаш во животот.”
Па, вие видете.