За истражувањето се анализирале податоци од 8300 возрасни луѓе во САД. Се набљудувала мускулната маса и густината на коските во споредба со внесот на кафе. Се открило дека луѓето што пијат кафе секој ден имаат 11 до 13 проценти повеќе мускулна маса од тие што не пијат. Како заклучок се изведува дека се на помал ризик од развивање саркопенија (мускулоскелетална болест).
Важно е да се истакне дека студијата не докажува дека пиењето кафе води до поголема мускулна маса, бидејќи „не е дефинитивен доказ дека само кафе ќе ви ја зачува“. Сепак, научниците ги сметаат резултатите за фасцинантни, бидејќи се покажува јасна асоцијација меѓу внесот на кофеин и подобрувањата во скелеталните мускули.
Причината може да е анти-воспалителните и антиоксидансни особености на кофеинот. Воспаленијата се поврзани со намалена мускулна маса, па затоа и потенцијално го има спротивниот ефект.
Кафето може да помогне и во расчистување на оштетени клетки и да го одржи интегритетот на мускулот и токму тоа помага во спречување на мускулната деградација што вообичаено се гледа при стареење.
Сепак, не мора да се почнува со нова навика за кафе, и покрај овие резултати. Иако има бенефити, сепак не е сеопфатно решение, бидејќи треба да се земат предвид индивидуалното здравје, животниот стил и дали кофеинот ви пречи.
За подобрување на мускулната маса се потребни протеини од риба, пилешко и растенија. Тренирање со отпор е исто така докажан метод, во комбинација со пешачење или точак.
Кафето едноставно може само да помогне.