Никој на светов не ме познава подобро од сестра ми.
-Тиа Маури
Сестрите се проверено добри за две работи: сакање и мразење.
-Џесика Нол
Додека растев, една од најсилните сојузнички ми беше сестра ми.
-Пати Смит
Можеш да го заебеш светот, ама не и сестра ти.
-Шарлот Греј
На сестрата може да се гледа како некој што сме, и некој што ич не сме - посебен тип на двојник.
-Тони Морисон
Среќен сум што сум со сестра ми. На некој чуден начин, го поминав детството набљудувајќи ја, гледајќои ја како пример. Прекрасно е.
-Џејк Џиленхаал
Сестрите се најдобрите другарки на светот.
-Мерилин Монро
Секогаш е тука кога ми треба. Најдобра другарка ми е. Едноставно ми е сè.
-Ешли Олсен
За што се сестрите, ако не за да истакнат работи за кои остатокот од светот е прекултурен да ги спомне.
-Клер Кук
Таа е најопасниот играч со кој сум играла во животот и најдобрата личност што ја познавам.
-Серена Вилијамс
‘Помагајте си една на друга‘ е дел од религијата на сестринството.
-Луиса Меј Алкот
Сестрата е како ти во различен филм, како филм во кој ти си главна улога во некој друг живот.
-Дебора Танен
Секогаш сакам да победувам. Но, јас сум поголемата сестра, сакам да сум сигурна дека таа има сè, дури и ако јас немам сè. Тешко е. Премногу ја сакам. Тоа е тоа што се важи.
-Венус Вилијамс
Никогаш не би можела да сакам некого како што ги сакам моите сестри.
-Луиса Меј Алкот, Женички
Сестри се веројатно најкомпетитивен однос во семејството, но кога ќе пораснат, станува најсилна врска.
-Маргарет Мид
Но, она што мајка ми не ми го кажа е дека по пат, ги наоѓаш сестрите, и тие те наоѓаат тебе. Девојките се супер за тие работи.
-Адријана Триџани
Ѝ се восхитувам и иако е пет години помлада од мене, се стремам да бидам како неа. Толку е паметна и сигурна. Чувствителна е за туѓите чувства, но не се плаши од туѓото мислење.
-Бијонсе
Ја знам сестра ми како што си го знам сопствениот ум. Никогаш нема да најдеш некој поверен и подраг.
-Анџелика Шујлер, Хамилтон
Ако не разбираш како може една жена силно да ја сака сестра ѝ и во исто време да сака да ѝ го скрши вратот, веројатно си била единица.
-Линда Саншајн
Таа е мајката што никогаш не ја имав, сестрата што секој би ја посакал. Таа е пријателка што сите ја заслужуваат. Не познавам подобра личност.
-Опра Винфри
Дали утехата е било каде поудобна отколку во рацете на сестра?
-Алисе Вокер