Документарец во најава:

Историја на голотија на филм

Какво е чувството цел свет да дискутира што му фали на твоето тело, до детаљ? Сигурно не пријатно, а за актерите што се во први борбени редови - голи, одговорот е покомплициран отколку што ни се чини.

Се ближи документарец со наслов „Кожа: Историја на голотијата“, на тема еволуција на стандардите и последиците во врска со голата кожа на платно. Ќе дискутираат Шенон Елизабет од „Американска пита“, Пам Грир од „Фокси Браун“ и режисерката на „Клулес“ - Ејми Хекерлинг, меѓу многуте други алумни на Холивуд.

Филмот се нарекува себеси „дефинитивен документарец“ за историјата на голотијата во Холивуд, почнувајќи уште од ерата на немите филмови, со акцент на политичките, социолошките и уметничките промени кои ја обликуваат нејзината богата историја. Целта му е да ја осветли културолошката клима околу голите сцени, навлегувајќи во тоа како актерите добиле моќ, но и биле експлоатирани преку нивните тела.

Официјалната кратка содржина објаснува каков осврт филмот ќе направи на родовата нееднаквост околу филмското голо и ќе „ја следи револуцијата која се бореше за родовата еднаквост во филмовите денес,“ кулминирајќи со дискусија на разголени сцени во време на #MeToo.

Се почнува заради скокотливост, се останува за социјалната анализа.

Дигитално ќе биде достапен од 18 август.

14 јули 2020 - 14:10