Уште откако стана модерно да се раскринкуваат сите лажни диети, недоучени нутриционисти и славни личности што продаваат здрав живот - а притоа имаат 20 лични тренери и готвач, нормалните луѓе и нормалните професионалци во полето се согласуваат околу една вистина: Згоден си ако се храниш правилно, редовно и здраво и имаш физичка активност.
Тоа се разбира не спречува цели корпорации да ни влегуваат по екрани и да ни излегуваат од фрижидер, па секоја година слушаме за нов тренд и ново „ова е најбоље“. Не само што се инсистира дека ова новово што го прави сега твојот другар од средно е врв во исхраната, него тоа претходното станува глупо, а реално можеби исто така имало логика, дури и ти помогнало да симнеш килажа и да се чувствуваш добро.
Оваа превртлива индустрија се трансформира со невидена брзина и што е погрдо - невиден безобразлук кога се работи за шиткање препарати за слабеење или режими на исхрана.
Нѐ разоткрија дека чоколатца со ориз и чоколадо се чист шеќер? Нема проблем, имаме протеински шејкови. Го тужат најоглемиот производител на шејковите, па паѓаат акции? Нема проблем, имаме течна диета во сок. Не можете да станете од кревет, затоа што само сокови пиете? Нема проблем, јадете, имаме апчиња.
Не ви успева и вративте дупло?
Сами сте си криви.
Уште еднаш - здрава, редовна исхрана и физичка активност.
А сега - ако рекламите за диети беа искрени: