Се случува и да не мораме да гледаме длабоко во себе за да ги идентификуваме изворите на нашите проблеми со менталното здравје. Улогата на социјалните мрежи во појачувањето на анксиозноста веќе е темелно документирана, но компаниите, како на пример Фејсбук, кој го поседува Инстаграм излегува дека се свесни колку многу нивните платформи можат да оштетат.
Вол Стрит Журнал објави дека ги разгледувале интерните документи и истражувања од Фејсбук што го отпакуваат ефектот што Инстаграм го има на младите и нивното ментално здравје. Резултатите воопшто не се изненадувачки.
Според овие документи, Фејсбук открил дека 32% од тинејџерките што се чувствувале лошо во врска со своето тело, се чувствувале полошо откако се логирале на Инстаграм; веројатно како одраз на таргетираното рекламирање и инфлуенсерската култура. Статистиката, како дел од внатрешно објавена презентација вели дека „Споредбите на Инстаграм можат да променат како младите жени се гледаат и се опишуваат себеси.“
Ова нели, не е ништо ново, но новото е колку Фејсбук лежерно тоа го документира.
„Ги влошуваме проблемите со боди имиџ кај една од три тинејџерки“, пишува на еден слајд од 2019, додека друг истакнува како тинејџерите веруваат дека има тесна врска меѓу стапката на депресија, анксиозност и користење на Инстаграм, со директна изјава: „Оваа реакција е неиспровоцирана и постојана низ сите групи.“
Уште пошокантно е што се забележува дека кај 13% од британските тинејџери и 6% од американските „желбата за самоубиство може да се поврзе со Инстаграм“.
Прашањето што се поставува е: Ако Фејсбук е свесен за способноста на Инстаграм да катализира ментални проблеми кај тинејџерите - што се прави во врска со тоа? Вол Стрит Журнал трезно ќе каже: „Документите покажуваат и дека Фејсбук прави минимални напори да ги реши овие прашања и им ја намалува вредноста во јавност.
Реално, веројатно се компромитира капиталот ако се направи нешто - над третина од корисниците на Инстаграм се под 22-годишна возраст, а се растечки пазар за кој брендовите се заинтересирани. Не дека не можат да се стават посериозни заштити во однос на тоа што ќе гледаат младите на платформата, ама нивната ангажираност на апликациите е витална за растот на Инстаграм, па според тоа - не се будали да се загрозуваат.