Има парфем што користи вештачка интелигенција да нѐ замајува

Фантом, новиот „конектиран мирис“ од Пако Рабан користи вештачка интелигенција за да создаде „зголемена креативност“. Дојде иднината.

Технолошкиот свет е понапреден од кога и да е, со оглед на тоа што и индустријата за убавина станува се потехнолошки поткована.

Фантом излезе на 26-ти јули, има пригодно шише што личи на робот и прв пат во историјата се случува да се користи вештачка интелигенција за процес на „зголемена креативност“. Ова значи дека парфемот работи со невронауката околу нашите рецептори за мирис за да промени како се чувствуваме и како мирисаме. Чудо.

Дел е од новата програма на Пако Рабан што звучи како да се мавта со многу Блек Мирор идеи. Се вика Science of Wellness и успеале да идентификуваат кои делови од мозокот се активираат кога ќе се помириса парфемот. Го опишуваат како кремаста лаванда и „умовиткачка“ мешавина на зелени, дрвенести и цитрусни ароми, сѐ тоа зачинето со молекул на стиралил ацетат за стимулација на осетливост на мирисот.

Ако на некој му текна - не, не е како да си шприцаш кофеин на кожата. Претпоставката е дека таа „осетливост“ на мирисот е благ еуфемизам. Молекулот кој е 10-кратно „предозиран“ во мирисот е тестиран на млади мажи од 18 до 35 години за да се открие кои емоции се предизвикуваат во мозокот и после 45 милиони мерења, откриено е дека има три главни емоции повикани заради парфемот: сексуалност, самодоверба и енергија.

Значи во основа, парфемот „те пали“.

Во интервјуто што i-d.vice му го прави на роботот (да.), на прашањето дали манипулира со чувство, „парфемот“ одговара:

„Не повеќе од било кој друг парфем уште од почетокот на нашата индустрија! Освен фактот што мојот ефект на добрите чувства научно се демонстрира. И тоа има смисла: Во Пако Рабан отсекогаш биле по иновациите. И ако смеам да кажам, овој пат се имаат надминато себеси.“

19 август 2021 - 00:00