Фустанот што бил премногу секси дури и за Париз во 1920

Во пролетта 1908, три жени се шетаат на трки во Париз и вилици паѓаат до земја. Овој елитен настан бил познат по дебитирање на последните трендови од високата мода, но никој дотогаш немал видено такво нешто.

Облечени во сино-бело-кафени креации, медиумите ги нарекле трите жени „чудовишност“, обвинувајќи ги дека биле полуголи и покажувале „одбивно“ деколте. Но, токму овие фустани засекогаш ја менуваат модата и ја лансираат силуетата на дваесеттиот век. А името на дизајнерката никој не се ни помачил да го запамети.

Сепак, жената постои. Се вика Жан Марген-Лакроа и била млада дизајнерка од Париз која го преземала разработениот бизнис на мајка ѝ, за лесни фустани со корсети, со минимум фишбани и поеластични материјали. Долго пред да има Ликра и мидери, таа почнува да прави фустани од растеглив трико материјал, кои истакнуваат колкови и бутови и ја прават фигурата потенка. За да ги покаже премиерно нејзините креации пред народ, најмува три згодни манекенки и ги бира трките како писта.

Таму, луѓето забележуваат дека жените не носат „долна облека“, што во тоа време е гломазна, со гаќи како панталони, корсет и кошула. Сега им се гледале вистинските, природни, меки тела, наспроти цврсто корсетираните вештачки силуети со стегнати гради. И сукњите биле со шлиц до коленото, поради што францускиот неделен весник Л’илустратион известил дека конзервативни парижанки ги измарширале своите сопрузи и синови од местото. Но, како и секогаш кога се работи за ПР - нема лош публицитет.

Истиот весник ги става „дрско облечените“ жени на насловна страница и ги нарекува Les Nouvelles Meirveilleuses. Овие чудесни жени го скандализирале Париз со откриените фустани и туники моделирани по античка Грција и Рим, скроени од лесно, транспарентно платно или газа, често прелесни дури и за пришивање џебови. Скоро преку ноќ, секоја млада дама што копнеела по промена од ригидните викторијански фустани сакала да биде како трите жени во храбрите тесни фустани.

Се раѓа силуетата на дваесеттиот век и медиумите ја нарекуваат directoire тоалета, популарна по предизвикување на сообраќајки затоа што возачите гледале во фустаните.

И цело време додека траела манијата, името на дизајнерката се изоставало од насловите: не добивала ни фус-нота и на тој начин била испишана од модната историја.

Британската модна историчарка, Сузи Ралф долго време е на мисија да ја вметне оваа значајна дизајнерка во историјата како што заслужува.

„Посветена била на нејзиниот занает, но не се рекламирала себеси - најсилната реклама ѝ била таа на трките - и тоа таа е за фустаните, не за нејзе,“ пишува Ралф, која смета дека инцидентот бил пресвртна точка во модата. „Марген-Лакроа ја забораваат, ја фрлаат во сенка. А заслужува да биде препознаена како една од највлијателните дизајнерки на Бел Епок.“

извор

28 декември 2020 - 12:37