Форевер 21 затвори сè

Некогаш лидер во модата за млади, сега трајно затвора во САД, откако пред некоја година затвораше по свет.

Втор пат банкротираат и ги обвинуваат ривалите во брзата мода, сè поголемите трошоци, економските предизвици и еволуцијата на консумеристичките трендови. Целата индустрија всушност се бори, а вработувањата се сведени на минимум.

„Форевер 21 е бренд што го користеше претходната генерација,“ вели Роџер Беам, професор по маркетинг на универзитетот Вејк Форест. „Денес, купувачите сакаат свој бренд и свој идентитет.“

Она што веројатно најмногу ги мачи ваквите брендови се сè поприсутните Тему и Шеин, и освестувањето дека за мали пари можеш да се облечеш како сакаш. Попрепредените користат и сајтови како ДХГејт, полни со совршени копии на луксузни брендови, а не помага ни фактот што квалитетот дури и кај извиканите е сè послаб.

Во последната пријава за банкрот, Форевер 21 наведува имот меѓу 100 милиони и 500 милиони долари и обврски од 1 до 10 милијарди.

19 март 2025 - 08:16