Прво, еднаш пишувавме дека овој начин на работа, онака како што холивудските актери го применувале досега не е од никаков Станиславски - погрешно го имаат сфатено. Она што денес „значи“ метод е да бидеш во лик постојано, без прекин, од што некои знаат и да си направат проблем. Остин Батлер ене го, уште зборува како Елвис.
Кејт Винслет е алергична на процесот, а Лоренс Оливие имал легендарен одговор кога дознал дека тоа го прави колегата Дастин Хофман за „Маратонец“. Кога Хофман му рекол дека не спиел три дена за де спреми за улогата, Оливие го прашал:
„А што не пробаш само да глумиш?“
И на Мерил Стрип ѝ се има згадено. Кога ќе ѝ ја загледа човек филмографијата, ќе помисли дека било од „Крамер против Крамер“ или „Изборот на Софи“, но сепак не се. Одговорот е „Ѓаволот носи Прада“.
„Ужасно беше!“ вели таа. „Мизерна бев. Ги слушав како се дружат и се смеат. Бев многу депримирана! И си велев, таква цена плаќаш кога си шефица. Тогаш последен пат се обидов со тоа - метод!“
Проблемот не бил до толку во непријатниот лик што го носела и дома, туку што морала да се дистанцира од колегите во филмот. Сепак, и Емили Блант и Ен Хатавеј, без разлика што на моменти чувствувале закана, биле свесни дека не ги мрази.
„Се плашев, но се чувствував и сакано. Знаев дека што и да правеше за да го креира тој страв, сепак го ценев тоа затоа што знаев и дека внимава на мене.“
Види и: