Феноменот „Starter Wife“: Зошто некои луѓе веднаш се женат по долга врска?

Има нешто фасцинантно и малку сурово во феноменот што психолозите го нарекуваат „starter wife“ – почетна сопруга. Знае да биде и „почетен сопруг“, ама некако, првово е почесто.

Станува збор за тренд, но и за психолошка шема: личноста е во долга врска или брак, тоа завршува – и потоа, речиси веднаш, следува нова, официјална, „трајна“ заедница со сосема нов партнер. Истите луѓе што „не беа подготвени за брак“ или што се двоумеа, неколку месеци подоцна - ете ги со слики од свадба. Зошто вака?

Често „главната“ долга врска служи како форма на емоционално и логистичко учење – како пробна верзија на „вистинската“ љубов. Не секој има намера така да постапи, но неретко излегува дека партнерот со кого сте го поминале најголемиот дел од младоста всушност не е личноста со која ќе остарите. Иако звучи сурово, таа врска имала цел: да го обликува карактерот, вредностите и идејата за тоа што е „добра врска“.

Во истражувања за бракот и разводот, се забележува и нешто друго: по развод или прекин на долга врска, многумина многу брзо влегуваат во нова сериозна заедница. Според податоци од Pew Research Center (САД), дури 50% од разведените лица повторно се венчаваат, многу од нив во рок од една до три години.

Според психолози, постојат неколку фактори што влијаат на тоа зошто некои луѓе брзо продолжуваат понатаму. Прво, луѓето што се навикнати на интимност тешко се адаптираат на самотија – и често бараат брз „преод“. Второ, самото искуство од претходната врска ги прави поспособни да препознаат што сакаат и што не сакаат. На некој начин, тие се подобро опремени за „правата ствар“.

Постои и социјален притисок: поради возраста, желбата за деца или стравот од осаменост, некои луѓе чувствуваат дека немаат време повторно да „пробаат“. Па затоа, новата врска, иако изгледа пребрза, е избор направен со повеќе самосвест и зрелост.

Што значи ова за првиот партнер? Многумина што биле во улогата на „starter wife“ чувствуваат збунетост, болка, па дури и предавство, со прашања од типот како можеше за две недели да се ожени, кога не сакаше ни да разговара на темата?

Според истражувања објавени во Journal of Social and Personal Relationships, ова чувство на „заменливост“ остава длабока трага во самодовербата. Но, важно е да се разбере дека не е секогаш прашање на вредност или љубов – туку на моментот, зрелоста и личната подготвеност.

Може ли „starter wife“ да значи и почеток?

Да. Иако терминот звучи како нешто што се фрла по употреба, вистината е дека токму тие „почетни“ врски нè обликуваат најмногу и не треба да се заборави дека „оставениот“ исто така ги има добиено алатките за препознавање на правата ствар.

10 јуни 2025 - 13:01