Есеј за едно поинакво расчистување по дома

Есејот на Ен Пачет, How to Practice, е не е само за фрлање глупости што ги чуваме со години - есејот е медитација на смртноста, идентитетот, сеќавањето и приказните што си ги кажуваме за предметите што одлучуваме да ги задржиме.

Почнува по смртта на таткото на нејзината долгогодишна другарка Тавија. Таткото, Кент, бил харизматичен, ексцентричен човек, чиј стан бил преплавен со децении сопствености - религиозни артефакти, уметност, облека од различни фази од животот, опрема за готвење, колекционерски предмети, мебел и безброј секојдневни предметчиња. Тавија и сестра ѝ со месеци ги расчистувале неговите работи и сфатиле дека она што некогаш било магично додека Кент бил жив, сега станува товар. Додека ги гледа како ископуваат, Пачет се соочува со неудобна вистина: некој ден, некој ќе мора и со моите ствари ова да го прави.

Инспирирани од искуството Пачет и нејзиниот сопруг решаваат „да се преправаат дека ќе се селат“. Наместо да купат нова куќа, систематски ќе разгледуваат сѐ што имаат и ги ќе задржат само предметите што им се на некој начин вредни.

И така, почнува да ги чешла стварите што ги има и открива дека најтешкото не е да го фрлиш, туку да разбереш зошто чувствуваш вина поради тоа. Одеднаш, има емпатија кон неживи предмети, замислува како некои заборавени чаши за шампањ, или свечени чинии имаат чувства. Сфаќа и дека многу од работите се само за некоја замислена верзија од неа, а не на реалната: имало елегантни чаши за вечери што никогаш не ги организирала, скапо сребро затоа што очекувала возрасните години да изгледаат посериозно и други нешта што отелотворувале аспирации, наместо реалност.

Сопругот не бил толку емотивен - со задоволство фрлал и давал. А Пачет, иако на почеток мислела дека им создава товар на луѓето на кои им дава нешто од предметите, постепено чувствува и олеснување. Фрлањето глупости не гогледа како губење нешта, туку како отстранување пречки меѓу себе и искрената свесност за животот и смртта.

Сопственостите, како што сфаќа, ни одвлекуваат внимание од прифаќање на сопствената смртност.

Најголемиот тест доаѓа кога ќе ја открие нејзината сакана Хермес 3000 машина за чукање, на која ги има напишано сите свои рани дела. За разлика од декоративните предмети што лесно ги отфрлала, машината ја претставувала и писателката што сонувала дека ќе стане, и писателката во која се претворила. Размислува да ја даде на млада девојка што копнее по старовремска машина, но се воздржува поради длабоката емотивна важност.

Во еден пресврт, сопругот ја потсетува дека му има подарено ганц-нова Оливети машина што не ја употребил, а ја има со децении. Наместо да го жртвува саканиот Хермес, Пачет на девојката ѝ го дава недопрениот Оливети, што таа неизмерно го цени. Овој подарок ја доуверува Пачет дека сопственостите се најзначајни кога се користат и се сакаат, не кога собираат прашина во подрум.

Низ есејот, Пачет размислува и за животот на Кент и за едни два ламинирани потсетници што ги оставил зад себе: I Have Everything I Need и All that is not Ladder Falls away. Првото е „Имам сѐ што ми треба“, второто е малку нејасно - но, речиси сигурно се однесува на сè што не те држи стабилен и не ти е од суштинска важност станува небитно. Овие ѝ стануваат симбол на лекцијата што ја добива - вистинскиот начин не е само да ја расчистиш куќата, туку да ја практикуваш уметноста на пуштање сопствености, замислени идентитети, и на крај и самиот живот. Со намалување на тежината на непотребни нешта, верува дека се подготвила да ја цени сегашноста многу покомплетно и да остави зад себе нешто попријатно за тие што ќе дојдат по неа.

24 јули 2026 - 10:30