Во 1977, Кирк Андерсон, млад мормонски мисионер, исчезнува од неговата мисија во Англија. Подоцна го наоѓаат во оддалечена куќичка во Девон, каде што тврди дека го однела, откако го киднапирала, Џојс Меккини, поранешна мисица од Северна Каролина која се вљубила во него. Мекини, заедно со соучесник, наводно го грабнала под закана со пиштол, го врзала за кревет и го држела заробен неколку дена. Во текот на овој период, го принудувала на сексуални чинови, тврдејќи дека тоа го прави „од љубов“ и „за да го спаси“, од рестриктивните учења на Мормонската црква.
Опсесијата на Меккини наводно почнала неколку години претходно кога се запознале во Јута. Таа верувала дека им се пишано да бидат заедно, но Андерсон кој бил посветен на верата, ја одбил. Тоа не ја спречило Меккини да го следи до Aнглија, каде што оркестрирала киднапирање. Откако го ослободиле, Меккини избегала од земјата, но приказната ја собрале медиумите и ја распрснале надвор од границите, па со тек на време ја вратиле за да оди на суд. Случајот станал сензација, а „љубовната“ приказна со „секс во синџири“ со месеци ја влечела јавноста.
За време на судењето, Меккини инсистирала дека е невина и се претставувала како вљубена жена што само сакала да го спаси Андерсон од она што го гледала како култ. Случајот фатил неочекуван правец кога Меккини избегала во Америка, каде што продолжила да ѝ бега на полицијата. Приказната повторно се враќа во медиумите кога ќе се расчуе дека Меккини си го клонирала кучето, зацврстувајќи ја уште повеќе сликата за себе како ексцентрична и енигматична фигура.