„Мажите знаат дека повеќето жени не се трудат да бидат застрашувачки, ама понекогаш така бива. Се разбира дека дечко што не може да се помири со твоите квалитети не вреди да губиш време на него, ама повеќето мажи ги фаќаат нерви од следниве неколку работи.
1. На врв на кариера сте
Ова не е некоја нова вест. Во 2019-та, мажите би требало да се способни да се справат со кариеристки што се врв во својата област. Сепак - ако менаџираш компанија или си авторитет во голема организација - страв ни е. Како да се гледаш со рок-ѕвезда, телевизиско лице или битен политичар. Просечна личност не може да се снајде со таква жена, така што, ни треба време да се навикнеме.
2. Екстремна самодоверба
Нема ништо лошо во тоа да бидеш екстремно самоуверена, но такво нешто не се сретнува секој ден. Мажите често ги привлекуваат самоуверени жени, но кога ќе запознаеш таква, те тера да се запрашаш дали си доволно добар за нејзе, а тоа може да предизвика и повлекување.
3. Се носиш убаво и богато
Не треба да отстапуваш ако ти е тоа стилот. Сепак, мажите со страв приоаѓаат на жени кои се облечени во висока мода, носат скап накит или пијат мартини наместо пиво. Да зрачиш со богатство и класа е застрашувачки и се прашуваме дали сме доволно способни да ве освоиме или да се вклопиме во вашиот животен стил.
4. Препаметна
Интелигенцијата е секако секси. Но, доаѓа до степен каде што може да нè исплаши. Ако имаш јака диплома, си учела во одлично школо или си движечка енциклопедија, нè фаќа страв дека во ваше присуство ќе се чувствуваме глупави. И ова воопшто не е ваша вина, ама треба да знаете дека е некој може да се исплаши од тоа.
5. Скроз независна
Не дека е лошо тоа. Напротив, за многу дечки, тоа ве прави поатрактивни од останатите присутни. Проблемот е што е јасно дека на ваквите жени не им треба никој. Тоа значи дека треба баш да се потрудиме да ве импресионираме и да ве убедиме дека вреди да ви бидеме дел од животот. Токму тоа ги плаши повеќето, без разлика дали го гледате тоа или не.
6. Сексуална самодоверба
Ако ова звучи како поплака, не е. Мажите немаат проблем со жена што води во кревет и што знае да каже што сака. А истовремено, тоа знае да биде малку страшно, делумно затоа што ова е толку редок квалитет кај една жена. Жена со сексуална самодоверба предизвикува и чувство на притисок да се покажеме и малку е страшно кога мажот и не е толку самоуверен на истото поле.
7. Секогаш зафатена
Ова може да звучи чудно, но жените што се зафатени знаат да бидат застрашувачки. Ако работите со полно работно време, а пак имате енергија да волонтирате, да вежбате и да се дружите со семејството, ќе ни биде и воодушевувачко и страшно. Не дека повеќето мажи се мрзливи, но повеќето ја немаат целата таа енергија. Истовремено се бориме да разбереме од каде жените ја наоѓаат, плус ни текнува дека мора да бидеме баш посебни за да се вклопиме во тој распоред.
8. Преубава
Повторно, не дека некој ќе се жали на ова, ама дека ќе се плаши - сигурно, особено ако жената е вонсериски, недостижно убава. Постојат жени што заради кои забораваш како се викаш кога ќе ги погледнеш. И не мораат да бидат манекенки за да го предизвикаат тоа. Не мора ни да се свесни. Знаеме дека сите ќе гледаат во вас и ќе сакаат да бидат во ваше друштво, па и самиот обид да се комуницира ќе ни биде страшен.”