Џоан Крафорд била во барем едно порно

Пред да стане една од најголемите ѕвезди на МГМ, Џоан Крафорд плаќала сметки со поинаков жанр.

Филмот наводно одел од човек на човек и се зборувало за него, со тоа што едни тврделе дека е скроз порно, а други дека има само „проблематични“ сцени. Кога од студиото откриле дека се појавила во порнографски краток филм со наслов Velvet Lips и тоа како тинејџерка, најверојатно малолетна, веднаш се фатиле за работа.

Озлогласениот „поправач“ на МГМ, Еди Маникс се здружил со мафијата за да ги лови изнудувачите што барале 100.000 долари за да не го пуштат филмот. Им дале избор: Да прифатат 25.000 долари за сите негативи, или мафијата ќе ги реши нив и ќе ги земе негативите.

Во друга верзија на приказната, Маникс едноставно искеширал 100.000 за негативите, а во серијата Feud, дури се тврди дека лично нејзиниот брат ја уценувал со години.

Кога Крафорд си одела од МГМ во 1943, на студиото му платила 50.000 долари, што било невообичаен потег. Многу филмски историчари сметаат дека им враќала пари што ги земале и ги уништиле негативите од Velvet Lips.

25 јуни 2024 - 12:25