Двајца доктори и 11 митови за стапала

На пример, постои правилен начин за сечење нокти на нозе.

Докторката е Сара Хелер, со интересен бекграунд - многу сакала да биде балерина, ама многу не ја бивало - па станала доктор и хирург-подијатар, а ја има и на ТЛЦ во шоуто My Feet Are Killing Me. Специјалност ѝ се мускулоскелетални деформитети, спортска медицина и пост-трауматска реконструктивна хирургија на стапало и глужд.

Докторот е Бред Шефер, специјалист по подијатриска хирургија и учествува во истото шоу, а двајцата се крајно шармантни, па јасно е зошто се поканети да дискутираат митови.

Ние може нешто ќе научиме. Како на пример, како се сечат нокти на нозе. Верувале или не - најверојатно грешите.

12 јануари 2022 - 20:10