Долче и Габана пуштија нов парфем, ама за кучиња

Парфемот се вика Fefe, инспириран од „бескрајната љубов што Доменико Долче ја има за своето куче“.

Долче и Габана прв пат влегуваат во сè поголемиот пазар за миленици - се проценува дека до 2030 индустријата ќе порасне за 500 милијарди долари.

Иако парфеми за кучиња не се ништо ново, најверојатно е прв пат модна куќа од оваа величина да влезе на пазарот. Фифи ќе чини 99 евра, не содржи алкохол и има ноти на на иланг иланг, мошус и сандалово дрво.

И се разбира, тестиран е и безбеден и го одобруваат ветеринари.

Пред да се истрчате да нарачате, размислете два пати - Кралската асоцијација за превенција на суровост врз животните во Велика Британија вели дека баш и не значи дека кучињата уживаат да ги шлапаме со парфеми.

„Кучињата се потпираат на нивниот мирис за да комуницираат и да реагираат на околината и другите луѓе и животни во неа. Затоа советуваме дека производи со силен мирис како парфеми или спрејови треба да се избегнуваат, особено што некои мириси знаат да бидат навистина непријатни за кучиња.“

А Фифи се продава во лакирано, зелено стаклено шише, има метално капаче и отпечаток од шепа позлатен со 24-каратно злато. Во моментов може да се направи преднарачка, и се добива и каивче за околу врат, со приврзок Долче и Габана.

7 август 2024 - 09:14