Деверуши во панталони

Кога веќе ви е филм да имате деверуши, а уште пофилм да има некаков концепт во нивната гардероба, нека биде - панталони. Доста беше молк за глупи материјали, фустани и невестински измишљотини.

Има толку многу варијанти што можат да се испробаат и на крај да се реализираат за си го направите ќеифот, плус сликите да бидат многу појаки отколку што би можеле да бидат. И многу од нив вклучуваат модни решенија.

Идејава ќе ја оставиме тука за да ви текне прво, дека не секогаш на свадба, макар и да си меѓу најблиските - мора да се носи фустан. Значи, стварно не мора.

Затоа што, прво погледнете колку тоа искуство може да биде поудобно:

Погледнете колку вие можете да изгледате појако:

 

Можете да се потпрете на удобност до тој степен, што ќе се одлучите за социјално прифатливи пижами, ако настанот го дозволува тоа, како овој овде:

И со панталони, деверушите можат и во бело:

Во „100 години фустани за деверуши”, спомнавме дека деверушите во антички Рим всушност биле јадица за глупи лоши духови.

А со глупи лоши духови е полесно да се бориш во панталони:

Можеш и трегери:

Има толку прејаки варијанти на цел костум, на голо, кроен по мерка, или кроен како на Лејди Гага од Марк Џејкобс.

На сликава има "groomsmen", машкиот еквивалент (девер, као, ама кај нас е еден и не е еднаков на деверушите од филмови што си ги додадовме во поново време), и сè е тоа една униформа:

И овие. Не мора ни да отстапувате од горниот дел што личи и како за фустан, само од половина надолу ете, нека бидат - панталони.

Кај и да е ќе почне сезона на свадби, мислете му ја. А овде се потрудиле и за минимализам. Замислете кој избор го имате од бои и дезени. 

Панталони форевер.

23 јануари 2019 - 00:00