После две децении во бизнисот, Дени Девито одлучува да се проба во продукција и за таа цел ја основа Џерси Филмс во 1991. Од основањето, има работено на филмови како „Ерин Брокович“, „Гатака“ и „Гарден Стејт“, но еден од најголемите успеси (не дека „Ерин Брокович“ е мал) му е Pulp Fiction на Тарантино.
Откако Reservoir Dogs растурил, тогаш младиот Тарантино се среќава со некои фаци од Џерси Филмс, кои пак го спојуваат со Девито.
На Девито му требале 10 минути поминати со Тарантино за да сфати дека сака да го купи и да го продуцира новиот проект - без воопшто да го види сценариото.
„Го немав видено Квентин како режира или глуми,“ изјави Девито за Гардијан во 2012. „Го немав гледано ни Reservoir Dogs кога му го купив следниот проект, што не беше ни напишан. До него беше. Ми се допадна како зборува за тоа. Многу беше јак. Ми изгледаше едноставно.“
Филмот насобра 23 награди (меѓу кои и Оскар за најдобро сценарио) и 51 номинација.