За тие што пропуштиле, приказната се движи околу психопат и сериски убиец на кој публиката се мачи да му замери затоа што - убива само ужасно зли луѓе.
Иако многу луѓе религиозно ја гледаат, би можело (со тешко срце) да се каже дека има недостатоци. За разлика од некои од нејзините сродни современици (шармот на „Д-р Хаус“, заразноста на „Монк“, интересноста на „Менталист“), на „Декстер“ барем на почеток како да ѝ фалат елементи што освојуваат, иако идејата е одлична. Декстер е посвоен и набрзо татко му сфаќа дека има работа со психопат, па наместо да го затвори во лудница, го насочува и го учи како да функционира во општеството, додека Декстер не смисли дека може и „од помош“ да биде.
Тераше осум сезони, а во 2020 најавија дека ќе има уште 10 нови епизоди со истиот актер, Мајкл С. Хол.
Тие што се во тек и што се веќе фанови можат да се радуваат - во 2023, Парамаунт+ потврди дека ќе има приквел-серија со наслов Dexter: Original Sin и ќе го следи Декстер како помал, додека полека станува сериски убиец по насоки од татко му, Хари Морган. Минатата недела се објави дека во екипата влегува Патрик Демпси, како капетан на Одделот за убиства во Мајами, а таткото ќе биде Кристијан Слејтер.
Ако не сте гледале, а се мислите што, еве: