Дечките што ја поразија Лондонската модна недела

Со глупост. Ја поразија со глупост. И ако. Кога пуштаат манекенки облечени во базенче за деца на писта, ако им е.

Не е прв пат на Англичани да им збоктиса од денешниот свет полн погрешни вредности, па да се фатат за правење глупости. Два пати досега, Уба Батлер кешира популарност и восхит заради играњето со туѓата претенциозност - еднаш со ресторанот што не постоеше а победи на Трипадвајзор, втор пат со фармерките Џорџо Певиани.

Ова се некои други дечки, на кои им дошло преку глава од глупостите што ги гледаме секојдневно по колекции и модни писти. Кутри девојки облечени во дворско базенче, во шатор, во уште еден човек, во што и да ти падне на памет, а му текнало за изживување на каприциозен моден бренд.

И им текнува.

Ќе пратат цреп како нив, облечен најглупо што може, да се инфилтрира во највисоките модни кругови за време на Лондонската модна недела.

И им успева.

6 март 2019 - 00:03