Брендот Џорџо Певиани и неговиот 'мал' проблем

Се сеќавате на најдобриот ресторан во Лондон и неговиот 'мал' проблем? Е па, исто, со истиот маркетинг.

За будалата со име Уба Батлер пишувавме тука, кога го објавивме неговиот вонсериски итар проект околу непостоечкиот ресторан што стигна до прво место на Трипадвајзор, а луѓе што главно живеат на Инстаграм се утепаа од барање начини да стигнат до таму и да јадат нешто што беше сервирано како „расположение” а не „оброк”. Ги тераа и нешто да се покриваат со шалови за да стигнат до тајната локација, ви текнува? А тајната локација беше шупата во која живееше новинарот на Вајс, главно фриленсер и ултра-трол - Уба Батлер.

Па нешто ги качуваше на кров да седат, нешто им кажуваше прикаски за потеклото на храната (кое всушност беше еден обичен супермаркет), ги лажеше дека е букиран со недели...

Ново му е дека му текнало дека и по модни недели се врткаат луѓе што лесно ги преварува интернет и добар маркетинг, па се прашува дали може да влезе на Париската модна недела како дизајнер. И овој пат сепак не почнува од нула.

Шетајќи се по пазари, налетува на секакви божемски брендови што и ние ги користиме тука да се нашалиме, а врвот го достигнуваме кога го правиме истото со листи на избори. Онакви, Долче и Банана, Пјер Клајн, Пјер Калвини, такви. Од тие, најмногу го инспирира бренд што не се преправа дека е нешто друго, иако го позајмува името (но не и брендот и естетиката) на Армани.

Џорџо Певиани.

И си го поставува прашањето, што ако Џорџо Певиани стигне до Париз? Ќе го пуштат ли да влезе на ревија? Ќе го пуштат ли на афтер-парти? Ќе се дружи ли со Алекса Чанг?

Да, да и да, и за последното - да, и тоа до сабајле.

Овој пат, експериментот има далеку посимпатичен крај од претходниот кога во фаца ни кажа колку сме лесни за маркетиншка манипулација - овде има супер зачеток на една поубава приказна:

10 октомври 2018 - 17:16