Во современата поп-култура се прикажува како бунтовна феминистичка и трагична хероина која губи слобода под тежината на судбината и протоколите. Сепак, читајќи извори како "The Reluctant Empress: A Biography of Empress Elisabeth of Austria", "The Lonely Empress: Elizabeth of Austria" и "Sisi's Verses: The Poetic Diary of Empress Elisabeth", излегува дека ова е повеќе мит отколку вистина.
Сиси е оштетена личност - според коментарите, била „саможива и нарцисоидна“, ја користела својата убавина за да ја контролира околината и повеќе се грижела за личен престиж отколку за империјата. Често ја запоставувала улогата на мајка — не учествувала активно во воспитувањето на децата, а поради несигурностите и менталното здравје, ретко ги прифаќала семејните обврски.
За второво баш и не знаеме колку е за лутење - која кралица, или императорка „активно учествувала во воспитувањето на децата“? Кое дете принудено на напуштање на домот и мажење за непознат човек се развило во урамнотежена личност?
Понатаму, се повлекувала од дворот, преместувајќи се на разни бањи и летни палати, со цел да ги избегне должностите како императорка и била финансиски неодговорна - додека Австро-Унгарија била во војна, таа трошела големи суми на луксузни градби и патувања за лично задоволство.
Ама и Стане Доланц ако го прашаш, Јованка Броз е „нешто сумњива“.