Дали Сидни Свини е пресекси за да ја глуми Ким Новак?

Ангажирана е за биографскиот филм за врската на Ким Новак и Семи Дејвис Џуниор. И Ким Новак вели дека да ја прашале, никогаш немало да одобри.

Филмот ќе се вика Scandalous и ќе го обработува односот на Новак со Дејвис, кој во тоа време бил апсолутно скандалозен и од нејзиното матично студио се потрудиле по секоја цена да го прекинат.

Свини треба да ја глуми Новак, а Дејвид Џонсон ќе биде Семи Дејвис, и стравот на Новак е дека со оглед на имиџот на Свини, премногу внимание ќе се обрне на сексуалниот аспект.

„Реалноста е дека нашата романса се базираше на сè што ни беше заедничко. Нема шанси да не биде сексуално затоа што Сидни Свини е секси цело време. Тотално погрешен избор да ме глуми,“ вели Новак.

Свини уште кога се објави веста дека ќе се работи на филмот, изјави дека е почестена што ќе ја добие главната улога.

„Мислам дека нејзината приказна е сè уште многу релевантна денес, затоа што се справувала со Холивуд и вниманието на јавноста за нејзините врски,  приватниот живот и контролата на нејзиниот имиџ. И јас можам да го разберам од повеќе аспекти,“ рече Свини.

Новак и Дејвис се имаат запознаено во 1956, кога се појавиле како гости на „Шоуто на Стив Ален“ и продолжиле да се гледаат наредната година. Во 1958, врската стана јавна, откако во колумна се тврдело дека наскоро ќе се венчаат. После темелен труд од студијата и јавноста да се разделат, влегле во бракови со други луѓе. Нејасно е дали се растурила огромна љубов - денес Новак вели „тој ме сакаше, а и мене многу ми значеше.“

31 март 2026 - 00:00